Ледени барови со путер од кикирики

Ледени барови со путер од кикирики

Состојки:

  • 1¼ шолја растително млеко (бадемово, овесно или друго незасладено)
  • 10 урми, без семки
  • ½ шолја путер од кикирики
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • ¼ лажичка морска сол
  • 1-2 лажици јаворов сируп (по желба)

За чоколадната глазура:

  • 200 г црна чоколада
  • 2 лажици кокосово масло

Подготовка:

Ако урмите се суви или тврди, потопете ги во врела вода околу 5 минути, па исцедете ги.
Во блендер ставете ги растителното млеко, урмите, путерот од кикиритки, ванилата и солта. Блендирајте додека добиете мазна и кремаста смеса. По вкус, додајте малку јаворов сируп или уште прстофат сол.

Смесата распоредете ја во калапи за сладоледни стапчиња и замрзнете најмалку 6 часа.
За глазурата, растопете ги чоколадото и кокосовото масло на пареа, мешајќи додека смесата стане мазна и сјајна.

Извадете ги сладоледите од калапите, по потреба кратко поминете ги под млака вода за полесно вадење. Брзо потопувајте ги во растопеното чоколадо за рамномерно да се обложат.

Наредете ги врз хартија за печење и вратете ги во замрзнувач уште 15–30 минути за да се стегне глазурата.