Грчка салата
Потребни состојки:
- 400 грама исецкан домат
- 150 грама исецкана краставица
- 90 грама исецкани жолти, црвени или зелени слатки пиперки
- 40 грама исецкан кромид
- 1 и пол лажица свежа мајчина душица или пола лажица сушено мајчина душица, иситнета
- 1 лажица свежо оригано или ¼ лажица сишено оригано
- 50 грама фета/сирење
Подготовка:
Во голема здела измешајте го доматот, краставицата, слатката пиперка, кромидот мајчината душица и ориганото. За прелив во мала сад изматете оцет и маслиново масло. Мешавината од оцетот и маслото прелијте ја врз мешавината од зеленчукот. Промешајте и додајте ја фетата.
Брз зелен омлет
Потребни состојки:
- 10-20 листови штавељ или зеље
- 6 млади кромитчиња со перца
- сирење по желба
- 4 јајца
Подготовка:
Штавељот и кромидчето убаво се мие и се сецка. Се пржи до омекнување и се полива со матени јајца со сирење. Убаво е да не се меша како би можело да се исече на идеални четвртини. Со него оди салата од свежи краставици со лукче.
Боранија со млад компир
Потребни состојки:
- 600 грама боранија
- 4 чешниња лук
- 3-4 кришки месната сланина
- маслиново масло
- сол, црн пипер,
- црвена пиперка
Подготовка:
Младиот компир насечкајте го на големина која ви одговора и сварете го. Сланината исецкајте ја на коцки и запржете ја во тафче, додајте го лукчето ситно сецкано(внимателно да не загори). Боранијата исецкајте ја на посакуваната големина и сварете ја во малку вода. На боранијата додадете го варениот компир и сланината со лукчето. Додајте малку црвен пипер(може и буковец), бибер, сол и заедно варете го уште неколку минути.