Липа

Липа

Чајот од липа е идеална зимска напивка со која истовремено ќе влијаете на низа состојби како нервоза, настинки, висок притисок, забавена дигестија. Цветовите на липата се богати со антиоксиданти кои делуваат одбранбено против болестите што се обидуваат да го загрозат здравјето. Ако си дојдете нервозни од работа, па дури и ако страдате од посериозно душевно нарушување, чајот од липа може да го смири и заштити нервниот систем и да делува терапевтски на психата.

Липата е добра за да го стоплите стомакот, да ги смирите цревата и да ја подобрите дигестијата, бидејќи научно е докажано дека ја подобрува цревната перлистатика. Смирувачкото дејство на липата им помага и на луѓето кои имаат тешкотии со несоница. Студиите, засега изведени врз животни, покажале дека липата го намалува високиот крвен притисок и плус игра значајна улога во регулацијата на срцевите контракции. Но, вреди да пробате, бидејќи липата не може да ви наштети.