Потребни состојки:
1 црвена пиперка
1 помала главица кромид
1 манго
10-15 гранчиња свежо нане
сок од 1 зелен лимон
сол, црн пипер
2 филети свеж лосос
Подготовка:
Насолете ги филетите лосос со крупна сол и ставете ги да се печат во рерна или, уште поубаво, гответе ги на скара. Пиперката, кромидот и мангото исечкајте ги на ситни коцки и ставете ги во длабок сад. Озгора, поросете со ситно сечкани ливчиња свежо нане (или магдонос), сол и прелијте ги состојките со лимоновиот сок – убаво промешајте ги. Ваквиот прилог оди одлично во комбинација со која било риба или пилешко месо. Ако сте во брзање, можете да вклучите и чаден лосос.