Мајчиното млеко претставува најздрава, природна и незаменлива храна за Вашето новороденче. Идеалниот сооднос на основните хранливи материи и присуството на бројните антиинфективни фактори го прават мајчиното млеко уникатна и незаменлива храна, максимално приспособена на физиолошките и нутритивните потреби на новороденчето и доенчето. Тоа е прилагодено на потребите на бебето, бактериолошки исправно и стерилно.
Кога започнува доењето
Првото доење, доколку здравствената состојба на мајката дозволува, треба да биде во првите триесет минути по породувањето. Практично доењето со мајчино млеко започнува половина час или не подолго од 6 часа после рагањето и бебето почнува да се храни со т.н. прво млеко или колострум – жолтеникава течност богата со хранливи и заштитни елементи. Колострумот е полн со антитела кои го штитат бебето од микроорганизми и го смалуваат ризикот од алергии подоцна во живитот. Од вториот до шестиот ден на лактацијата бебето се храни со т.н преодно млеко, а од 7 ден до три недели од лактацијата се формира веке т.н. зрело млеко кое понатаму ги задоволува сите потреби на Вашето бебе.
Уникатно по својот состав
Мајчиното млеко содржи белковини од сурутка и казеин, јаглени хидрати во облик на лактоза, масти вклучувајки ги и полинезаситените масни киселини со долги ланци (многу важни за развојот на мозокот на Вашето бебе), витамини и минерали. Мајчиното млеко ги задоволува потребите на Вашето бебе да може да расте и нормално да се развива, помага во развојот на имунолошкиот систем на бебето и го штити од болести. Така бебињата хранети со мајчино млеко помал е ризикот од
инфекции на дигестивниот тракт, воспаленија на ушите, инфекции на долниот респираторен тракт, астма, атописки дерматитис, дијабетес, а овие децата имаат и подобар когнитивен развој. Составот на мајчиното млеко се менува и во тек на секој подој, на почеток млекото е богато со вода, речиси прозирно, а потоа станува погусто и покалорично заради што особено е важно Васето бебе при секој подој да ја испразни дојката до крај.
Економски еколошки и општествени предности
Освен што е најдобра храна мајчиното млеко е синоним за инсттинкт, запознавање, препознавање, блискост, сигурност, љубов, заштита, безгришност, задоволство. На крај мајчиното млеко е совршено и достапно веднаш по раѓањето, секогаш е свежо, има идеална температура, совршено заштитено и секако беплатно. Како најекономична, евтина храна, доењето е корисно и за семејството. Допонителните ефекти на развој на поздрава популација води кон намалени трошоци за здравствена заштита, од што корист има и пошироката општествена заедница.