Коренот познат како мака е познат перуански зачин кој им дава суптилен земјен вкус на јадењата, а денес, во облик на прав, многумина го додаваат во смути. Овој корен е најпознат по тоа што има моќ да го поттикне либидото и да ги реши сексуалните проблеми – кај жените во менопауза и кај мажите кои се соочуваат со еректилна дисфункција или неплодност. Маката ќе ве преплави со енергија и ќе ве направи поиздржливи при стресни и напорни денови.
Спортистите се потпираат на неа кога имаат напорни тренинзи, а студентите кога имаат за учење, бидејќи ја подобрува меморијата. Како богат извор на флавоноиди, таа позитивно влијае на расположението. Маката ги поттикнува природните антиоксиданти во телото, како глутатион и супероксид дисмутаза, кои се одлични противници на слободните радикали. Токму затоа, маката важи за одлична превенција од рак, срцеви заболувања, а успешно го регулира и крвниот притисок. Особено им се препорачува на жените во менопауза и на оние кои имаат полицистични јајчници, бидејќи го балансира нивото на естрогенот.