Малини

Малини

Малините имаат висока нутритивна вредност, а сепак се сиромашни со калории. Претставуваат одличен природен извор на железо, фосфор, калиум, бакар, цинк, калциум, магнезиум, витамин А и скоро сите витамини од Б групата. Без разлика дали се во свежа или замрзната форма, малините делуваат антивоспалително. Богати со витамин Ц, кверцетин и елагична киселина, овие црвени бобинки делуваат антиоксидативно на слободните радикали кои ги оштетуваат здравите клетки и ткива во организмот.

Студиите изведени врз животни покажуваат дека малините го штитат организмот од низа хронични состојби, како кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, па дури и канцер. Бидејќи имаат низок процент на јаглехидрати во составот, а богати се со растителни влакна, малините им се препорачуваат на луѓето кои се борат со вишок килограми. Исто така, малините имаат низок гликемиски индекс што значи многу малку го поткреваат нивото на шеќер во крвта и затоа се погодни за негово регулирање, но моќни се и да го снижат. Служат и за одмастување на црниот дроб.