Кај нас, салатата најчесто се служи како предјадење или, пак, како прилог со главното јадење. Сепак, гледано нутриционистички, добро комбинираните салати може да бидат и комплетен оброк што ќе го задоволи организмот со сите неопходни хранливи компоненти. Згора на тоа, се работи за оброк што е лесен, брзо се вари и лесно се подготвува.
Промената на традиционалниот концепт на исхрана и воведувањето на салатата како главно јадење, со себе ќе донесе и низа здравствени придобивки.Пробајте некои од нашите препораки или, пак, едноставно искористете намирници што ви се при рака и направете комбинација по ваш избор. Добар апетит!
Чинија како сликарско платно
Потребни состојки:
-
500 г шитаке печурки
-
5 црвени везени пиперки (може и луто по вкус)
-
3-4 чешниња лук
-
1 китка магдонос, маслиново масло, јаболков оцет, сол и бибер во зрно
Подготовка:
Печурките се бланшираат околу 2 минути во врела вода, во која е додадено малку оцет. Се ладат под млаз вода и се сечат на парчиња. Се додаваат везените пиперки, исто така исечкани, во форма по желба. Се сечкаат лукчето и магдоносот и сè заедно се меша со додавање сол, бибер, масло и оцет. Пред да се консумира, би било добро салатата да отстои петнаесетина минути.
Совет плус: наместо шитаке, можете да употребите друг вид расположлива печурка (лисичарка, вргањ, буковка).
Брокола со сирење и јајце
-
1 кг брокола
-
200 г бело сирење
-
4 лажици павлака
-
2 јајца
-
3 лажици маслиново масло
-
2 лажици лимонов сок
-
2 чешниња бел лук
-
сол, бибер
Броколата одвојте ја на цветчиња и обарете ја во вода (не повеќе од 4 минути) во која претходно сте додале малку сол, масло и лажица лимонов сок. Процедете и оставете да се излади. Во меѓувреме, сирењето измешајте го со павлаката и со истолчениот лук. Прелијте со лажица лимонов сок, посолете и забиберете. Со вака подготвениот сос, прелијте ја броколата, промешајте и од горе додадете ги варените јајца исечкани на осминки.
Салата од грашок
-
500 г варен грашок
-
2 варени јајца
-
бело месо
-
1 кисела павлака
-
2 кисели краставички
-
1 лажичка сенф
-
сол, бибер, сечкан магдонос
Грашокот се бари и се лади. Белото месо се вари и се сечка на ситно. Се сечкаат јајцата и краставичките, и сè заедно се меша со сите останати состојки. Се лади и се сервира.
Мексичка салата
-
250 г црвен грав
-
250 г пченка шеќерац
-
1 праз
-
1 помала главица кромид
-
2 чешниња бел лук
-
2 печени пиперки
-
1 краставица
-
месо по желба (димена пастрмка, туна, бело пилешко месо)
-
маслиново масло, сол, бибер, магдонос, сок од лимон
Сите состојки се сечкаат и се мешаат заедно со гравот и пченката. Се додава малку маслиново масло, се меша, се зачинува и се посолува. На крај, се додава месото. Се остава да се излади и се сервира.
Кус кус салата
Карфиол салата
-
главица карфиол
-
2 моркова
-
2 пиперки
-
4 чешниња лук
-
1 главица кромид
-
4 лажици лимонов сок
-
8 лажици маслиново масло
-
1 лажичка сусам
-
ким, малку шеќер, сол и бибер
Одвојте цветчиња карфиол, обарете ги во посолена вода, додадете го морковот сечкан на крукчиња и варете уште десетина минути. Ситно исечкајте ги лукот и кромидот и измешајте ги со сокот од лимон, ким, бибер, малку шеќер и со маслиновото масло. Карфиолот и морковот процедете ги и кратко ставете под млаз ладна вода и, додека е млако, прелијте со подготвениот прелив. Кон смесата додадете ја исечканата пиперка и промешајте. Доколку сте љубител на луто, додадете толчена пиперка или лут црвен пипер.