Меки бисквити со јаболки

Меки бисквити со јаболки

Состојки: 
·       2 јајца
·       100 г шеќер
·       100 г омекнат путер
·       350 г брашно
·       16 г прашок за печиво
·       2 јаболки
·       шеќер во прав, малку цимет, рендана кора од лимон
Подготовка:
Матете ги јајцата пенесто заедно со шеќерот и матејќи додадете го путерот; матете сѐ додека путерот не се соедни со останатите состојки. Додадете 250 г од брашното во кое претходно сте го ставиле печивото и мешајте. Додадете ги јаболките, излупени и исечкани на мали коцки и ренданата кора од лимон. Сѐ убаво промешајте, користете лажица за матење, и додадете го остатокот од брашното.
Со кафена лажица црпнувајте од смесата и редете ги бисквитите на плех обложен со хартија за печење. Печете на претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Готовите бисквити поросете ги со шеќер во прав во кој ќе додадете малку цимет.