Состојки:
· 250 г мелено телешко месо
· 250 г мелено свинско месо
· 1 поголем морков
· 1 поголема млада тиквичка
· 1 главица кромид
· 2 чешниња лук
· 2 јајца
· 1 шолја (за кафе) овесни снегулки
· 1 лажица чиа семе
· малку масло, сол и црн пипер
Подготовка:
Излупете ги зеленчукот, морковот и тиквичката и изрендајте ги на ситната страна од рендето, а лукот и кромидот ситно исечкајте ги. Овесните снегулки измелете ги за да добиете ситно брашно, а во него додадете го чиа семето (без да го мелете). Сите состојки заедно помешајте ги, користете ги рацете за да ја замесите смесата, и додадете сол и црн пипер. На тава ставете хартија за печење врз која ќе ги редите обликуваните топчиња, полијте ги со зејтин и печете ги околу 30 минути. Можете и да ги пржите во тава како плескавици. Служете ги со пире или со печен компир.