Меѓу широката палета на овошја сливата се наоѓа на листатa на најздрави и најбогати овошја со антиоксиданти.
Модрата слива е вистински природен мултивитамин.Соодносот на витамините кои ги содржи ова овошје со ниска енергетска вредност е оптимален за човечкиот организам. Нивниот одличен вкус доаѓа од добриот однос на шеќерите и овошните киселини. Сувата слива во споредба со друго овошје има двапати повеќе антиоксидантна моќ. Во составот на сливата се наоѓа концентриран сорбитол и влакна кои даваат поголем лаксативен ефект во однос со свежите сливи. Свежите и сувите сливи претставуваат мало богатство на калиум, влакна, витамини, а во траги може да се најде и железо и магнезиум. Во било кој облик ова овошје е богато со уникатени фитонутритиенти, важни за нашето здравје.