МОРКОВ

МОРКОВ
Морковот, или на латински Daucus carota,е двогодишна коренеста намирница која припаѓа на фамилијата  Umbelliferae, распространета во природата во голем број подвидови и вариетети. Морковот е познат кај народот повеќе од 5.000 години, како зеленчук и како лек. Се смета дека потекнува од Иран или од Авганистан, а денес се одгледува и се консумира во текот на целата година насекаде низ светот. Морковот е добар извор на витамин А, диететски влакна, витамин К и витамин Ц.

Освен тоа, во морковот може да се најде и витамин Б6, биотин, фолна киселина (витамин В9), тијамин (витамин Б1), магнезиум, калиум, манган, молибден, железо, фосфор, витамин Б3, витамин Е и цинк.

Исто така, морковот содржи и фитохемикалии кои делуваат како антиоксиданти:
– Бета-каротин и алфа-каротин, каротеноиди кои нашето тело ги претвора во витамин А, кој е важен за работата на имунолошкиот систем, ги одржува здрави клетките и активира ензими.
– Лутелоин, флавоноид кој покажува антиоксидантско дејство, антиинфламаторно и антивоспалително дејство.

Здравствени ефекти

Најголемиот број на благотворните својства на морковот, потекнуваат од неговото богатство во својот состав – бета-каротинот и диететските влакна. Тој ја зголемува природната одбранбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.

Го подобрува видот

Еден од главните епитети кои му се препишуваат на морковот, е неговото позитивно влијание на видот и очите. Овој ефект е оправдан поради големата концентрација на бета-каротин во неговиот состав. Исто така, бета-каротинот го намалува ризикот од појава на макуларна дегенерација.

Го намалува ризикот од појава на карцином

Истражувањата покажале дека со консумирање намирници кои се богати со бета-каротин, како што е морковот, се намалува ризикот од појава на рак на бели дробови, дојка, дебело црево и рак на усната шуплина. Исто така, докажано е дека го намалува ризикот од појава на рак на грлото на матката и рак на простатата.

Го забавува стареењето
Високата концентрација на бета-каротин, кој има антиоксидантско дејство, го забавува стареењето. Консумирањето сок од моркови може да биде вистински еликсир за долговечност.

За здрава кожа
Витаминот А и антиоксидантите во морковот ја штитат кожата од штетното влијание на сонцето. Недостатокот на витамин А поведува до сушење и луштење на кожата, кршливост на ноктите и косата. Овој витамин спречува и предвремена појава на брчки, акни, сува кожа, црвенило и нееднаков тонус на кожата.

Го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања
Истражувањата покажале дека консумирањето намирници кои се богати со каротеноиди еповрзаносо помал ризик од појава на срцеви заболувања. Не треба да заборавиме дека морковот, покрај бета-каротин, содржи алфа-каротин и лутеин. Исто така, со редовната консумација на моркови се намалуваи нивото на холестерол во крвта.

Го прочистува телото од штетни материи
Витаминот А му помага на црниот дроб да ги отстрани токсините од телото. Диететските влакна кои ги има во морковот, пак,помагаат во чистење на дебелото црево и го забрзуваат движењето на отпадните материи.Морковот е богат со алкални елементи што ја прочистуваат и ревитализираат крвта и, во исто време, овозможуваат соодветна рамнотежа на киселините во организмот.

За здрави заби и непца
Сокот од моркови го стимулира создавањето плунка и,на тој начин,помага во отстранувањето на преостанататахрана во забите. Покрај тоа, влакната на морковот делуваат како четка за заби и непца, додека минералите во морковот го спречуваат оштетувањето на забите.

Го намалува ризикот од мозочен удар
Истражувањата спроведени од страна на научниците од универзитетот„Харвард“покажале дека луѓето кои консумираат 5 или повеќе моркови неделно, се помалку подложни на ризик од мозочен удар, отколку луѓетокои јадат само 1 морков месечно.

Купување и чување
Свежите моркови се достапни во текот на целата година. При купување, барајте млади, кревки моркови со светла боја на коренот и со добра цврстина. Избегнувајте ги омекнатите корења, со засеци или мувла. Исто така, избегнувајте ги особено големите корења, затоа што тие се, обично, презреани и не се особено пријатни за јадење.
Морковот чувајте го во фрижидер, каде во добра состојба може да остане и до две недели.

Сок од мокрови

Интересни факти поврзани со морковите

– Најдобро е морковот да се консумира свеж. На овој начин, телото го храните со калиум, калциум, железо и цинк,кои делумно се губат со готвењето на морковите.
– Морковите прво се одгледувале поради лисјатаи семињата, не поради корените кои сега,во денешно време,се омилена намирница.
– Морковите првично биле бели, виолетови и црни, денешната боја била создадена со селективно одгледување во Холандија, со цел да се оддаде чест на кралското семејство  „House of Orange“.
-Морковите се еден од најдобрите извори на витамин А, кој е важен за здравјето на коските, забите, очите и кожата.
– Морковите содржат и големо количествошеќер, поради што се вистинско уживање, давајќи му повеќе енергија на организмот.
– Во текот на животот, еден човек јаде 10.866 моркови во просек.
– Една чаша млеко, содржи исто количество калциум колку и 9 моркови.