Најефикасниот третман за лице е: ТРПЕНИЕ

Најефикасниот третман за лице е: ТРПЕНИЕ

„Темните дамки и брчките се појавуваат постепено низ годините“, вели њујоршкиот дерматолот Џошуа Зејкнер. „Нереално е да очекувате дека ќе исчезнат по неколку нанесувања крем“. Вашето најголемо оружје во битката со убавината е трпението и, за среќа, тоа нема да ве чини ни денар.

Третмани против брчки– резултати по 3 месеци

Состојките кои се во функција да ја хидратираат кожата, како хијалуронската киселина, може привремено да ја пополнат, но за долгорочни резултати од ретинол, неопходни се неколку месеци. Ретинолот ги поттикнува рецепторите во кожата да продуцираат повеќе колаген кој ќе ги пополни фините линии и брчките. „За да се создаде доволно колаген кој ќе донесе видливи резултати, треба време“, вели доктор Зејкнер.

Третмани против акни – резултати по 3 месеци

Најдобар начин да се изборите против акните е кремот кој се нанесува по цело лице, а не директно на нив. На пример, бензоил пероксидот има антибактериски и антивоспалителни својства, а може да се нанесува по цела кожа. Иако акните ќе изгледаат подобро по неколку дена, студиите покажуваат дека кожата продолжува да се регенерира наредните 12 недели. „Неопходно е да продолжите да ги користите производите и откако лицето ќе се исчисти, со цел да спречите одново појавување на акните“, објаснува доктор Зејкнер.

Третмани против темни дамки – резултати по 1 месец

Кожните избелувачи како витаминот Ц или сојата во поновите производи, делуваат така што спречуваат формирање на нови пигменти. Едноставно, мора да почекате кожата по природен пат да се ослободи од клетките на површината кои веќе имаат пигмент во себе. За ваков пресврт неопходни се 30 дена.

Запомнете: трката за блескава кожа е маратон, а не спринт!