Најпосакуваните активни состојки

Најпосакуваните активни состојки
СОВРШЕН СОЈУЗ

Керамиди+ Пребиотици

Ако керамидите се ѕвездените состојки во кремите, тогаш пребиотиците би ги нарекле тим за поддршка. А што би можела една ѕвезда без својот тим? Керамидите, како природни липиди, ја поткрепуваат кожната бариера (не дозволуваат слободните радикали да продрат во дермисот; ја задржуваат влагата во кожата). Но, нивната заштитна задача е олеснета кога зад себе ги имаат пребиотиците. Пребиотиците се нанесуваат локално и истите служат како храна за добрите бактерии. Хранејќи ги добрите, пребитоиците индиректно влијаат да се намалат лошите бактерии, а со тоа придонесуваат до посолидна бариера. Бидејќи лошите бактерии ги проголтуваат керамидите, тука се пребиотиците да го исчистат теренот за керамидите да можат слободно да делуваат.

Салицилна киселна + Масло од моринга

Ниту една борба со акните не стартува без салицилна киселина, но за победа неопходно е маслото од моринга. Иако зборуваме за масло, истото има лесна текстура и не му тежи на лицето, а делува антивоспалително и антимикробно. Маслото од моринга нема капацитет да ги замени стандардните третмани против акни, затоа салицилната киселина не е под закана, но одлично ги надополнува истите. Мијте го лицето со салицилна киселина – таа ќе ја ексфолира кожата, ќе ги одзатне порите и на тој начин ќе создаде совршена подлога за морингата да пенетрира длабоко во кожата. Морингата пак, ќе го смири црвенилото и ќе ги уништи бактериите благодарение на нејзините сулфурни и цинкови особини. Нанесете неколку капки масло од моринга пред да нанесете хидратантен крем и СПФ.

СЕКОГАШ И СЕКАДЕ

Канабидол

Козметичката индустрија е решена да го вклучи канабисот на листатаактивни состојки. Кремите создадени од коноп – модифицирана верзија на марихуана со отстранет THC, легален во 50 земји – според многу дерматолози вреди да стане дел од секојдневниот ритуал за нега. Активната состојка во овие креми е всушност канабидолот,компонента на марихуаната која влијае на кожните рецептори одговорни за сензорните искуства. Канабидолот е одговорен за она чувство на нежност и мекост што настапува кратко по аплицирањето на кремот. Неговата вредност нема цена, особено за оние кои страдаа од болни кожни проблеми како егзема и псоријаза, па дури и обична иритација.

Хијалуронска киселина

Речиси и да не постои крем на пазарот кој во својот состав нема хијалуронска киселина. Толку е посакувана, што во денешно време се инјектира во облик на филер кој има за цел да го зголеми волуменот на јаболкцата, усните или виснатите кесички под очите. Сепак, нејзината примарна цел е да обезбеди целосна хидратација за лицето, а тоа го прави во мега размери. Хијалуронската киселина не е само една од многуте состојки во кремите, таа го зазема централното место и во серумите. Имено, во нив се инјектира коктел од хијалуронска киселина со повеќе молекуларни тежини, за која научниците тврдат дека го поттикнува природното создавање хијалуронска киселина. На овој начин, кожата е хидратирана (и благо пополнета) однатре, а не само на површината. Бидејќи природниот процес на создавање хијалуронска киселина забавува после 20-тите, набавете си крем со време.