Намирници – пријатели на секоја диета

Намирници – пријатели на секоја диета

Верувале или не, но постојат намирници со кои смеете да се прејадете дури и кога сте во мисија да ослабнете. Овие чувари на витката линија не секогаш се примамливи за јадење, затоа предлагаме малку поинакви оброци во кои можете да ги вклучите.

Спанаќ

Општо познат е фактот дека спанаќот е еден од најбогатите извори на железо. Но, малкумина знаат дека содржи и тилакоиди, состојки кои поттикнуваат лачење на хормонот за ситост. Колку повеќе спанаќ изедете, толку подоцна ќе ви се пријаде. Нов предлог да го внесете во исхраната: Комбинирајте свежи листови спанаќ со банана за утринско смуди или сварете го спанаќот и ставете во смеса за плескавици, палачинки или омлет.

Младо сирење

Младото бело сирење е извор на чисти протеини на пример, во количина од 245 грама или дури 28 грама чист протеин наречен касеин. Потребно е долго време за касеинот да се преработи, а тоа значи продолжено чувство на ситост. Нов предлог да го внесете во исхраната: Згмечете го сирењето, додадете лук во прав, лимон, пиперка и оригано и ќе добиете совршена закуска. Користете го и како замена за млеко во смуди – 125 гр младо бело сирење, 1 средна банана, 50 гр смрзнати јагоди, 1/4 лажичка екстракт од ванила и вода.

Јаболко

Јаболкото изобилува со растителни влакна кои даваат чувство на полност во стомакот. Едно истражување потврдува дека луѓето кои изеле јаболка 15 минути пред ручек, за време на оброкот внеле 200 калории помалку. Нов предлог да го внесете во исхраната: Свежо јаболко одлично оди во комбинација со зелена салата со рукола, мисиркино месо и суво грозје. Вклучете го во овесна каша со ореви или пржете го со малку цимет и додадете го во сендвичот со путер од кикирики.

Ореви

Јаткастите плодови изобилуваат со многу калории, па ако редовно се консумираат треба да се биде особено внимателен во однос на количината. Но, едно истражување покажува дека клеточните ѕидови на оредвот многу тешко се дигестираат, па затоа консумираме само една петиина од мастите што ги содржат. Уште при грицкањето на оревите во устата, телото почнува да се чувствува сито. Нов предлог да ги внесете во исхраната: Оревите се одличен прилог за сите варијанти на зелена салата со пилешко и одлично се вклопуваат во бурито.

Јајца

Ако барате 100% чист протеин, нема подобар извор од јајцата. Едно истражување споредувало две групи на луѓе од кои едната, секое утро за појадок појадувала две јајца и овошје. Истражувањето покажало дека токму таа група внесува 164 калории помалку за време на ручекот. Нов предлог да ги внесете во исхраната: Згуснувајте ги супите и чорбите со јајце, вклучувајќи го јајцето во тестенини или пица или во варена овесна каша.

Овесна каша

Целите зрна се во тренд и тоа со потполно право, бидејќи во комбинација со млеко, јогурт, па дури и вода, се добива вистинска енергетска бомба од хранливи влакна кои ја забавуваат дигестијата и го одложуваат гладот. Нов предлог да ја внесете во исхраната: Освен овесна каша, денес постојат безброј рецепти за овесни палачинки, мафини и здрави колачи со овесно брашно.

Малини

Во однос на растителните влакна, малините се на врвот на лситата меѓу овошките. Имаат повеќе влакна дури и од боровинките. толку се хранливи што едно истражување покажува дека околу 250 гр маалини (содржат 65 калории) во денот, поттикнуваат значително намалување на апетитот. Нов предлог да ги внесете во исхраната: Малините се одличен додаток во чиа пудинг, овесна каша или како прилог за палачинки. Комбинирајте ги со сечкан коријандер, лук, кромид и сок од зелен лимон за да направите прелив за риба или пилешко.

Црвен грав

Мешунка што е добро да ја внесувате барем еднаш во неделата, бидејќи изобилува со многу растителни влакна и протеини скоро колку месо. Нов предлог да го внесете во исхраната: Црвениот грав е одличен прилог за марула салата, но и за закуска – исцедете го гравот од конзерва, додадете му маслиново масло, црвена пиперка и лук и ставете го на хартија за печење. По 45 минути печење на 200 степени имате готова закуска.

Пуканки

Хранливите растителни влакна не се единствената тајна состојка на овие моќни зрна. Содржат само 100 калории, а бидејќи се волуменозни и подразбираат продолжено џвакање, за кусо време поттикнуваат ситост. Нов предлог да ги внесете во исхраната: Додадете ги во макароните со топен кашкавал или како совршен финиш на сладок колач.

`РЖ

Едно истражување покажува дека луѓето кои јаделе леб од рж, подолго време остануваат сити, дури 8 часа после оброкот. Причината за оваа појава се хранливите влакна на брашното од `рж  ко иимаат голема моќ врз метаболизмот. Нов предлог да го внесете во исхраната: Исечете парче ржано лепче, стоплете го со малку маслиново масло и лук во прав. Можете да купите и `ржани галети и да ги комбинирате со путер од јатки и банана.

намирници

Ви здодеаја дозволените намирници?

Секој нов начин на исхрана со текот на времето станува здодевен и логично е да немате ниту желба ниту волја да зготвите спанаќ по којзнае којпат. Во тие моменти, многу е веројатно да скршнете од патот на здравата храна. За да не ви се случи тоа, едноставно вклучете нови зачини во готвењето. Со вистинските зачини и наједноставното јадење станува деликатес. Но, најдоброто од се е тоа што зачините не дебелеат.

Циметот го потиснува апетитот, а истовремено го забрзува метаболизмот. Дејствува како инсулински стимуланс и овозможува поефикасно метболизирање на шеќерот.

Каенски пипер е лут зачин што желудникот лесно го поднесува, а тој пак го пролонгира чувството на ситост. Помага да се намали лошиот холестерол во крвта, а капсаициниот што го содржи го забрзува согорувањето на мастите.

Тилчецот содржи растителни влакна кои даваат чувство на полност во стомакот, заситуваат и спречуваат да се прејадете.

Кардамомот е диуретик и силен стимулатор на метаболизмот со чија помош се согоруваат мастите за многу брзо време.