Убавината на нашата земја не би била целосна ако не е богатството на нејзината растителна природа про- ткаена во пазувите на нашите полиња и планини. Македонија е меѓу ретките земји кои имаат толку голем број сончеви де- нови, што ја прави природата дарежлива. Природата ги создала тие прекрасни рас- тенија во кои тече животниот сок кој носи здравје и сила, но и убавина и машкост, љубов…
Македонските лековити билки се најста- рите лекови од античко време до денес за нашиот народ. Тие ги надживеаја веко- вите, опеани се во песните и во легендите, но и денес се најевтини и најдостапни при- родни суровини за производство на ле- кови. Од древни времиња, од почетокот на човечката цивилизација, луѓето барале начини да се спасат од тешките болести. Лековите ги барале во својата непосредна околина каде наоѓале лековитите расте- нија. Со векови се собирало огромно знаење за лековитите растенија. Тоа несе- бично се негувало и пренесувало за да им користи на идните поколенија. Благодаре- ние на растенијата и знаењето за нив, опс- тана човештвото, а нè има и нас денес. Современата медицина и наука денеска, исто така, ги цени и ги користи лековитите растенија. Голем процент лекови кои се наоѓаат во аптеките изработени во форма на сирупи, капсули, таблети, инјекции се добиваат од лековити растенија или во ос- нова имаат растително потекло. Најсил- ните лекови се добиваат од лековити растенија. Морфин и кодеин се добиваат од афион, лекот атропин се добива од татула и буника, ергометринот и уште десетина лекови се добиваат од ’ржената главница, дигиталисот е извор на најсилните лекови за срце… Во Република Македонија има над 3.000 растенија. Околу 1.000 од нив имаат лековити својства, а за 500 имаме научно потврдени докази дека делуваат и дека се лековити. Затоа, враќањето на нашите корени, каде ќе ја споиме традиционалната медицина, во чија основа се леко- витите растенија и нивните леко- вити својства, со современата медицина, е предуслов да го под- обриме здравјето на нашиот народ. Денес кога лековитите растенија повторно стануваат актуелни и се симбол за здрав начин на живот, веќе не се третираат како второсте- пени. Интересот на фармацевтската индустрија за лековитите растенија во Америка и Европа, но и во це- лиот свет, се зголемува. Билките се дел од светскиот тренд и движења кон поздрав и поприроден начин на живот. Почитувани чита- тели, растенијата се нашите најдобри пријатели, тие се пријатели на на- шето здравје. Преку зеле- ниот дел од листот ни ја прават дос- тапна сонче- вата енергија. Користејќи го јаглеродот, сон- чевата светлина, водата, водородот ни создаваат кисло- род без кој нема живот. Тие ја регулираат температурата на Земјата. Тие се нашите хемиски фабрики кои создаваат живот и се извор на добро здравје.
Во зимскиот период чести заболувања кај поголемиот дел од населението се заболувањата на дишните патишта. Тоа се сезонски заболувања како последица на намалениот имунитет и на ниските температури. Сигурно современата медицина открила нови лекови кои се наоѓаат во аптеките за лекување на заболувањата на дишните патишта, како антибиотици, лекови за кашлица, покачена температура, лекови за подобрување на дишењето. Сепак, факт е дека кога во прашање се вирусните заболувања, грипот, настинките, најефикасните лекови се наоѓаат во лековитите растенија. Всушност, секојдневното консумирање топли напивки, чаеви од липа, бозел, мајчина душица, жалфија, камилица и босилек со сигурност ќе придонесе да се подобри имунитетот. Да се зголеми отпорноста на организмот, да дојде до спречување на заболувањето и доколку се појави, да помине во поблага форма без последици.
ЛИПА
Од најстари времиња до денес липата е чај кој го чува здравјето. Делува превентивно и го зголемува имунитетот на организмот. Има неколку важни дејства. Чајот од липа предизвикува силно потење, ја намалува телесната температура и е ефикасен лек против настинки и грип. Липата е одличен лек за зголемување на мокрењето, а делува и противвоспалително на мочните патишта. Чајот од липа ги намалува стомачните болки. Делува и на дишните патишта и ја намалува сувата кашлица. Липата се користи за подобрување на имунитетот, против настинки и заболувања на дишните патишта кои се проследени со грозница. Дел од нив се воспаленијата на грлото, на крајниците, на синусите, бронхитот, пневмонијата кај сите пациенти, како кај децата така и кај постарите. Постојат докази дека секојдневното пиење чај од липа го спречува стареењето и лицата кои го користат чајот доживуваат длабока старост.
МАЈЧИНА ДУШИЦА
Мајчината душица е извонреден чај за секојдневна употреба и затоа во домашните аптеки треба да имаме доволни количини за да можеме во него да уживаме во текот на целата година. Се користи во народната и во научната медицина за лекување на градни болести како бронхит, емфизем, пневмонија и хронични проблеми со белите дробови. Ги шири белите дробови, го олеснува искашлувањето, а со тоа и дишењето. Влегува речиси во сите комбинирани медицински чаеви за градни болести. Исто така, го подобрува и имунитетот, особено во зимскиот период кога тој опаѓа. Се користи за лекување на заболување на усната шуплина, воспалени жлебини, слузокожа како и воспаление на грлото. Во форма на инхалации се користи за лекување на воспалени синуси. Содржи и етерично масло и ги уништува бактериите.
БОЗЕЛ
Бозелот се користи како силно антивирусно растение. Претставува силен лек и средство за предизвикување потење, ја намалува телесната температура, делува противвоспалително, го зголемува мокрењето и се користи како средство за слабеење. Бозелот е силен лек за лекување болести на респираторниот систем, како што се грипот, настинките, бронхитисот, пневмонијата. Тој се комбинира со комбинирани чаеви за лекување на респираторни заболувања. Помага и при воспаление на усната шуплина, а во форма на инхалации се користи при воспалени синуси. Бозелот може да се користи и во исхраната. Од цветовите на бозелот народот приготвува многу вкусен пијалак. Комбинации на чаеви од лековити растенија кои помагаат за подобрување на имунитетот и за лекување настинки и заболувања на дишните патишта.
- Липа, бозел, жалфија
- Липа, бозел, мајчина душица
- Бозел, босилек, камилица
- Липа, босилек, мајчина душица, тегавец
- Липа, камилица, подбел
Децата го сакаат овој напиток
Половина литар пијалак се подготвува на следниов начин: 1 лажица бозел 2 лажици мајчина душица Се прелеваат со врела вода и се оставаат да отстојат 10 минути. Се процедуваат, а потоа се додава една лажица мед и сок од еден лимон (по потреба, колку што поднесува кисело детето). Се пие преку целиот ден.