Кожата на мажите подоцна влегува во процесот на стареење во споредба со кожата на жените.
Основната причина за тоа е активн оста на лојните жлезди до подоцнежната возраст, благодарение на машките хормони До неодамна се сме- таше дека негата и козметиката се исклу- чиво само за женската попу- лација.
Но, современите мажи знаат дека не е до- волно само да се искапат и да избричат за да изгледаат убаво и негувано.
Има многу здравствени и естетски причини поради кои мажите треба да посве- тат повеќе внимание за нега и за заштита на својата кожа. Кожата на мажите значително се разликува од кожата на жените, а осн о в- ната разлика e во дебели- ната на епидермот.
Таа е подебела и помалку осет- лива, прекриена е со густи дебели влакна, со што до- полнително е заштитена од сонцето и неговото штетно дејство. Кожата кај мажите е и многу позатегната во спо- редба со кожата кај жените, па затоа многу подоцна вле- гува во процесот на ста- реење. Основната причина за тоа е активноста на лојните жлезди до подоц- нежната возраст, благодаре- ние на машките хормони. Машките хормони делуваат и на количеството на кола- ген и на тој начин се зголе- мува цврстината на кожата.
Бричењето е одличен пилинг
Уште еден значаен фактор во спречувањето на стареењето на кожата на мажите е бричењето. Тоа е одличен пилинг кој ги от- странува мртвите клетки од површината на кожата. Со ваков секојдневен пилинг се забрзува создавањето нов епидерм и се обновуваат клетките. Но, со бричењето се уништува т.н. заштитен филм (хидролипиден филм), па може да дојде до појава на црвенило, пецкање и иритација на кожата. Затоа е потребно веднаш по бричењето лицето да се измие со што пос- тудена вода. Со правилна нега и исхрана на кожата мажите можат многу полесно да го за- чуваат младиот изглед на ко- жата и да ја спречат појавата на брчки. Првиот чекор за пра- вилно негување на кожата е да се одреди нејзиниот тип. Да се утврди дали е сува или мрсна е многу едноставно. Потребно е лицето да се измие и нежно да се избрише со крпа. Доколку ве затега кожата по сушењето, вие имате сува кожа. Доколку пак лицето ви е сјајно доцна поп- ладне, тогаш треба да бидете сигурни дека имате мрсна кожа. Доколку имате сува кожа, тогаш треба да користите хид- ратантни креми и лосиони и пена за бричење на база на алое. За оние со мрсна кожа пак, се препорачува почесто бричење и употреба на гелови кои содржат етерични масла и прополис.
ПРЕПОРАКИ ЗА ПРАВИЛНА НЕГА НА КОЖАТА
- Бричете се секојдневно за да се обновува кожата.
- Задолжително корис- тете пена или гел за бри- чење, а по бричењето лосион за да ја заштитите кожата и да ја спречите иритацијата.
- За да ја нахраните и за да и дадете свежина на ко- жата, користете регенера- тивни креми.
- За да ги спречите тем- ните кругови околу очите, користете препарати за нега на подочниците.
Сепак, за да потврдат дека се грижат за себе, освен на лицето, мажите треба да им посветат внимание и на стапалата, колената и лак- тите. Токму грижата за овие делови на телото ни збо- рува за тоа колку еден маж го негува своето тело. По секое туширање истријте ги овие делови на телото со груба крпа и намачкајте ги со хранлива крема. Од- лично би било доколку имате можност барем еднаш во неделата да ги намачкате со мешавина од глицерин и лимон.