НЕГА НА нејзината КОЖА

НЕГА НА нејзината КОЖА

Во периодот помеѓу 35 и 45 години клетките на кожата побавно се обновуваат. Со тоа и епидермисот станува потенок. Поради намалената циркулација се намалува и дотокот на материи кои ја стимулираат синтезата на колагенот

Стареењето е процес на кој подлежат сите живи орга- низми, органи, ткива и сите клетки во еден организам. На овој процес подлежи и кожата. Стареењето на кожата може да го поделиме на три видови: ге- нетско или хронолошко ста- реење, хормонско стареење и стареење предизвикано од око- лината. Генетското или поточно природното стареење е поврзано со годините и тоа не можеме да го избегнеме. Хормонското ста- реење се појавува во почетокот на менопаузата. Третиот вид ста- реење е она кое можеме да го избегнеме, а тоа е стареење на кожата поради изложувањето на сончевите зраци.

 

Природни препарати

Потребно е да се внесува витамините Е и Ц но и други антиоксиданси, со што ќе се заштити кожата од штетното дејство на слободните радикали.
Дневните креми секогаш треба да содржат УВ-заштита, која ја штити кожата не само од сончевите зраци, туку и од електричните уреди и од флуоресцентните светла. Затоа кремите кои ги користите треба да бидат богати со хранливи материи и да ја потхрануваат кожата.
Широк е спектарот на природни препарати за подмла- дување на кожата.
Тоникот од воден екстракт од рузмарин помешан со ал- кохол го зајакнува и освежува кожното ткиво.
Брз и при- роден лифтинг може да направите со маска од изгмечено грозје.
Исто така, богато може да го нахра- ните и освежите лицето со маска од ананас и маслиново масло. На крај, не заборавајте дека тешката шминка и користењето на многу пудра придонесува за брзо ста- реење на вашата кожа.

Првите брчки околу очите

Кога прогресивно старее, кожата станува потенка, ги губи цврстината и еластич- носта, станува сува и рапава. Во периодот помеѓу 35 и 45 години доаѓа до побавно обновување на клетките на кожата. Покрај тоа и епидермот станува потенок.
Поради намале- ната циркулација се нама- лува и дотокот на хранливи материи кои ја стимулираат синтезата на колагенот.
Тоа доведува до намалување на желатинозните супстан- ции кои го пополнуваат просторот помеѓу влакната и клетките, а со тоа и на нивните компоненти – хијалуронската киселина која ја врзува водата, што доведува до промена на хидратацијата. Како послед- ица на тоа се создаваат брчките.
Прво се појавуваат ситни брчки околу очите и тоа на кожата на долниот капак и во надворешниот агол на очите, потоа на че- лото, помеѓу носот и надво- решниот дел на усните. Можно е да се појават и проширени ситни капилари на носот и на образите.
Про- цесот на стареење на ко- жата подразбира и појава на пигментни точки.
Долго се сметало дека ста- реењето на кожата е ире- верзибилен процес и дека остарената кожа не може да го поврати првобитниот из- глед. Но, современата коз- метика не го признава тоа. Нашето знаење и правил- ната нега се одлучувачки фактор за нашиот изглед.
Важен фактор во обновата и заштитата на кожата е користењето биолошки активни елементи.
Благодарение на нив кожата се хидратизира, затегната и изгледа здраво.