Колку и да е големо животното искуство, секогаш е пријатно да се добие одредена мотивација за да се продолжи понатаму, или да се започне нешто ново. Иако некои ги сметаат за потрошена формалност, чудно е дека сепак новогодишните честитки со мотивација за верба во себе, верба во некои класични вредности – добрина, чесност, емпатија, сѐ уште можат да предизвикаат чувство дека радоста од детството за празниците може да се појави (не)очекувано. Не е познато кога се појави „модата“ да се препорачува список на новогодишни ветувања кои си ги поставувате самите себеси како цел, но во најново време психолозите советуваат тоа да бидат лабави одлуки без да си задавате голем пртитисок за нивно исполнување. Иднината не треба да се доживува како притисок, туку како можност. Сепак, како мотивација да започнете со реализација на своите новогодишни одлуки, можат да послужат размислувањата и цитатите на некои познати личности. Во честитките и во мотивацијата не е важна формата, туку желбата.
Цитати на познатите за Нова година:
– Постојат многу подобри работи пред нас, отколку оние што ги оставаме зад себе. ( Ч. С. Луис)
– Старата година фрлете ја во минатото. Оставете ја, зашто била несовршена и заблагодарете се на Бога што можете да ја оставите. (Брукс Аткинсон)
– Сите добиваме 365 дена. Единствената разлика е што ќе направиме со нив. (Хилари Де Пјано)
– Се надевам дека сите соништа ќе ги имате при рака и до крајот на годината. (Фаиз Израили)
– Ние сме автори на нашите судбини. Никој не ја гледа визијата појасно, верува во неа и напорно работи за да ја оствари, повеќе од визионерот. (Најл Капбел – Фатоки).
– Мислам на денот на одлуките, а не на годината. ( Хенри Мур)
– Вашите грижи нека траат толку долго како и новогодишните одлуки. (Џои Адамс)
– Кога сѐ ќе почне да пропаѓа, држете се за својата внатрешна сила и денешните предизвици закопајте ги со утрешната слобода. (Аниекл Точукву)
– Лошата вест е дека времето лета. Добрата вест е дека вие сте пилотот. ( Мајкл Алтшулер)
– Крајот на годината не е ни крај, ни почеток, туку продолжение со сета мудрост на искуството во нас. (Хал Борланд)
– Тешко е да се живее во сегашноста, лудост е да се живее во иднината, а невозможно е да се живее во минатото. Ништо не е толку далеку, како претходната минута. (Џим Бишоп)
– Единствената одлука што сум ја донел и до која се обидувам да се придржувам е да се издигнам над малите нешта. (Џон Бурогс)
– Учете од вчерашниот ден, живејте за денес, надевајте се на утрешниот ден. (Алберт Ајнштајн)
– Да живееме за Новата година и новата шанса да ја на направиме вистинската работа. (Опра Винфри)
– Ден по Новата година… Сега е време да направите добри годишни одлуки. Наредната седмица можете да почнете да го поплочувате патот до пеколот, како и обично. (Марк Твен)
– Ако ме прашувате за мојата новогодишна одлука, таа беше да откријам кој сум. (Сирил Кјузак)
– Ова е Нова година. Нов почеток. Сѐ ќе се промени. (Тејлор Свифт)
– Славете ги краевите, зашто тие носат нови почетоци. (Џонатан Локвуд Хјул)