Потребни состојки:
- 64 гр бадемово брашно
- 42 гр тапиока брашно
- 32 гр кокосово брашно
- ½ кафена лажица сода бикарбона
- прстофат сол
- 4 големи јајца
- 85 гр бадемово млеко
- 1 супена лажица мед или јаворов сируп
- 1 кафена лажица бел вински оцет
- 1 кафена лажица ванила екстракт
- путер или кокосово масло за подмачкување на тавчето
Подготовка:
Во длабок сад, соединете ги сите суви состојки. Во друг сад, соединете ги останатите состојки. Мокрите состојки сипете ги во сувите и мешајте за да добиете хомогена смеса. Загрејте го тефлонското тавче и сосем малку премачкајте го со путер или кокосово масло. Сипете од смесата во тавата, палачинките треба да се подебели и не мора да се многу големи. Пржете ги по 2-3 минути од секоја страна. Служете ги топли со мед, банана или прилог по желба.