Силен, ненадеен, необјаснив страв, што може да се контролира!
Дефиниција
Паничниот напад е ненадејна епизода од интензивен страв која поттикнува одредени физички манифестации (Биење на срцето, вртоглавица, губење на воздухот), иако не постои реална причина за тоа.
„Губам контрола!“
„Ќе полудам!“
„Ќе добијам срцев удар!“
„Ќе умрам!“
Ова се мислите во кои верува лицето кое во моментот се соочува со паничен напад. Паничните напади претставуваат најбрза и најкомплексна промена позната во човековото тело. Чувство на огромен страв без можност да се контролира, чувство дека е во прашање сериозна болест, чувство дека се умира или се губи разумот. Човекот добива внатрешен импулс да избега, да излезе или да се сокрие некаде. Кога наеднаш ќе се случи, животот на личноста драматично се менува и повеќе ништо не е како што било. Но, тоа не значи дека не може да се скрши кругот на постојани напади и иживот во страв. Колку и да звучи неверно, постои начин да излезете од паничното заробеништво!
Симптоми
Паничните напади се случуваат ненадејно, без предупредување. Можат да се случат во кое било време на кое било место – додека возите, на сред состанок, додека сте на фризер, додека сте во кино, буквално секаде! Траат од 5 до 30 минути, а кулминацијата на симптомите се случува во првите 10 минути. По паничниот напад, човекот се чувствува истоштено, умпорно и сонливо.
Дали сте ги почувствувале овие телесни сензации?
- Кнедла во грлото и градите – недостиг на воздух
- Тахикардија и прескокнување на срцето?
- Бранови жештина и потење на дланките?
- Вртоглавици и губење на рамнотежата?
- Чувство дека сте надвор од сето она што се случува со вас?
Најлошиот момент кај паничнит енапади е интензивниот страв дека истиот ќе се повтори. Човекот е во состојба толку многу да стравува од нов паничен напад (Фаза позната како страв од стравот), што може да почне да го избегнува кафулето каде што го искусил првиот, да одбива да се качи во автобус или авион, плашејќи се дека таму ќе го снајде истото. Накусо, ги избегнува местата и околностите во кои се случил нападот верувајќи дека така ќе спречи нов. Најстрашна фаза е кога човекот ќе престане да излегува од дома, бидејќи таму се чувствува најсигурно. Психолозите велта дека човекот е вистински излекуван во моментот кога ќе престане да се заморува и да се плаши од тоа дека повторно ќе го снајде паничен напад.
Кога да појдете на доктор?
По можност веднаш, бидејќи не само што е тешко сами да се изборите со паничните напади, туу ќе се поштедите од низа испитувања и тестови верувајќи дека боледувате од некоја болест. Паничните напади ги наведуваат луѓето да мислат дека се болни од срце, дека имаат рак, астма, дека им слабее видот и низа други медицински состојби, кои всушност се преземени дијагнози од луѓето кои го опкружуваат лицето кое се соочува со паничен напад.
Што го предизвикува паничниот напад?
Не постои конкретно дефинирана причина за појавата на паничните напади, но овие фактори може да имаат некаква улога:
- Генетски наследна појава
- Голем стрес
- Темпераментот на човекот (најчесто е својствен на перфекционистите)
- Одредени промени во функционирањето на мозокот
Некои истражувачи сугерираат дека човековиот природен одговор при опасност има врска со паничниот напад. На пример, кога ќе ве нападне мечка, вашето тело инстинктивно реагира, па срцето и дишењето ќе се забрзаат, водопади од стимуланси и хормони – адреналин, епинефрин, гликоген, корикол, норепинефедрин – надоаѓаат преку крвотокот во телесните клетки подготвувајќи го телото да се соочи со заканата. Слична е реакцијата на телото соочено со паничен напад, иако не постои никаква реална закана. Паничните напади најчесто се јавуваат во доцните тинејџерски години, а жените се посклони да се соочат со паничен напад.
Ризик
Доколку не се третираат, паничните напади можат сериозно да го комплицираат животот на личноста. Можно е да се развие фобија да излегува од дома, да се социјализира со луѓе, да има проблеми на работа, да развие депресија или да стане зависник од лекови, алкохол или во најлош случај наркотици, и тоа само проади стравот да не му се потвтори нападот.
Како сами да си помогнете?
Помошта од психолог и работата на себе е најдобтиот начин да се уверите дека паничните напади се само состојба на умот. За некои луѓе е доволно да се информираат за паничните напади и да ги окончаат, на други им е потребна поголема поддршка. Проверете што функционира за вас и ќе се уверите дека можете да ги надминете.
Контактирајте со други пациенти
Дружењето со луѓе кои страдаат од панични напади како вас ќе ви помогне да се соочите со проблемот и да разберете дека не сте сами.
Држете се до третманот – соочувањето со стравовите е тешко, но само на тој начин ќе се ослободите од чувството на заложник. Следете ги советите на психијатарот, тоа што треба да пиете лекови и да одите на сеанси не ве правислаби личности.
Бидете физички активни
Аеробните вежби го смируваат расположението исто како и прошетката на воздух и сонце.
Наспијте се – обезбедете си доволно сон за да не бидете расеани, бидејќи паничните напади најчест о се случуваат преку ден.
- Околу 7,2% од возрасните или 1 од 15 луѓе имале панично нарушување.
- 1/3 од популацијата во развиените земји имале најмалку еден паничен напад.
- Само 22% од луѓето што страдаат од панични напади побарале помош.
- 10% од луѓето кои неколку месеци живеат во паника, се затвораат дома и не е способни сами да излегуваат.
- 30% од луѓето кои неколку години живеат со панични напади ја губат работатат.
- 17% од лицата со паничен напад се подложни на ризик од алкохолизам, а 40% од хронична депресија
Избегнувајте кофеин, алкохол и нелегални супстанци – Сите овие може да го поттикнат или да го влошат паничниот напад.
Прифатете го тоа што го чувствувате
Обидете се да разберете како ви делуваат емоциите. Правете разлика помеѓу паника и страв. Логично е да се плашите ако пешачите во ноќта и нешто шушне, но паничите ако чувствувате необјаснив страв иако е ден и има луѓе наоколу.
Научете и практикувајте неколку техники за опуштање – На пример, јога, длабоко дишење (вдишување преку нос, полнење на градите и стомакот со воздух, па издишување преку уста) и прогресивно мускулно опуштање – стартувајте со прстите на нозете, стегнете ги најсилно што можете, па опуштете ги. Од стапалата продолжете нагоре, се додека стасате до мускулите на лицето.
Замислете го вашето среќно место
Тоа ќе биде вашето островче на кое ќе бегате секогаш шштом се соочите со паничен напад. Потрудете се да го замислите до детаљ, ако е плажа, замислете ги и мирисот на морето и звуците на брановите.
Пронајдете објект на кој ќе се фокусирате – Изберете предмет на кој ќе го насочите целото внимание со цел да ги оттргнете мислите од паничната состојба. Анализирајте го предметот до ситница, неговата боја, форма, големина, текстура, а потоа размислувајте што би смениле кај него.
Обидете се со методот 5,4,3,2,1
Паничните напади можат да направат личноста да се чувствува одвоена од реалноста.
Оваа техника помага да се насочи фокусот подалеку од изворот на стрес.
Погледнете 5 одделни објекти – Размислете за секој од нив кратко време
Слушнете 4 различни звуци – Размислете од каде потекнуваат и што е карактеристично за нив.
Допрете 3 објекти – Размилете за нивната текстура, температура и која е нивната употреба.
ПОмирисајте 2 различни мириси – Земете едно нешто кое ќе го вкусите. Забележете како е вкусот.