Потребни состојки:
- 280 г пашканат
- 2 супени лажици маслиново масло
- 1 црвен кромид
- 25 г целер
- 45 г праз
- 1 чешне лук
- 120 г костени
- 15 г мелени бадеми
- 1 лажица жалфија
- 1 лажица магдонос
- сол, црн пипер и пармезан по вкус
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени. Излупете го пашканатот, исечкајте го по должина, пропрскајте го со 1 лажица маслиново масло, наросете сол и бибер и печете го од 35 до 40 мин. Во меѓувреме, подгответе го преливот така што ќе ги пропржите ситно сечканиот кромид, целер, праз и лук со 1 лажица маслиново масло. Гответе на средна температура и додајте 1 супена лажица вода за зеленчукот да омекне. Додајте ги крупно сечканите костени, мелените бадеми и зачинете со жалфија, магдонос, сол и црн пипер. Гответе уште 2-3 минути и по потреба додајте вода. Прелијте го пашканатот, а озгора наросете малку пармезан.