Потребни состојки:
· прстофат кумин
· прстофат црн пипер
· кора од ½ лимон
· 2-3 супени лажици ситно сечкан свеж власец
· 1 супена лажица маслиново масло
· 110 г пилешки гради
· 4г леќа
· 25 г рукола
· 10 г босилек
· 10 г лешници
· 2 кафени лажици сок од лимон
· 1 кафена лажица сечкан лук
· 50 г радикио салата
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте ги зачините со кората од лимон, власецот и малку маслиново масло. Со оваа смеса прелијте ги пилешките гради и ставете ги да се печат. Во меѓувреме,ставете ја леќата да се вари, штом е готова исцедете ја и исплакнете ја со студена вода. За пестото: одвојте 15 г од руколата, додадете ги босилекот, лешниците, сокот од лимон, лукот и блендирајте ги состојките со маслиновото масло. Ставете вода ако смесата е многу густа. Исечкајте ја радикио салатата и промешајте ја со остатокот од руколата и леќата. Ставете го стекот врз салатата, а врз него прелијте го дресингот.