Потребни состојки:
- 450 г филети од бакалар (или риба по желба)
 - 3/4 лажичка мелена куркума
 - 2 лажички ѓумбир во прав
 - 140 г домати
 - 3 чешниња лук
 - 1 чили пиперче
 - 4-5 зелени везени пиперки
 - 4 лажичиња сенф
 - сол, бибер и грст свеж коријандер
 - маслиново масло
 - прилог од варен ориз
 
Подготовка:
Зачинете ја рибата со сол, бибер и маслиново масло и тргнете ја настрана. Во процесор за храна ставете ги доматите, лукот, чили пиперчето и сенфот и зачинете со куркума, ѓумбир, сол, бибер, коријандер, малку маслиново масло. Смесата блендирајте ја. Загрејте маслиново масло во тефлонска тава и сипете го сосот од влендерот да се згусне. Додадете ги и везените пиперки да се варат заедно со сосост. Во друга тава, пржете ги филетите риба од сите страни додека поруменат. Штом се готови, додајте ги во сосот и оставете да провријат 2 минути. Послужете ја рибата со ориз и декорирајте со свеж коријандер.
