Состојки
– 4 пилешки копанчиња
– 4 лажици маслиново масло
– 1 кромид
– 3 чешниња лук
– малку ѓумбир мелен, куркума, сол, бибер
– 250 мл вода
– магодонос ситно сецкан
– 100 гр маслинки без семка
– 1 лимон
Подготовка
Во тава ставете ги копанчињата да се запржат на маслиново масло од двете страни, ставете сол и бибер. Во истата тава нека се издинстаат кромидот и лукот. Додадете вода, зачините и водата и оставете да се вари. По некое време ставете ги маслинките, сокот од лимон, и оставете да крчка на тивко околу 45 минути, се додека месото не се одвои од коска.