Кој предничи на нутритивната листа?
Пилешко | Јајца | |
35,9 кг пиле и 14,3 кг пилешки стек е просечниот годишен потрошувачки износ на едно македонско домаќинство. |
VS |
724 јајца е просечната годишна потрошувачка на јајца на едно македонско домаќинство. |
Пилешкото месо е богато со омега-3 масни киселини што го подобруваат оптималниот капацитет на срцето, белите дробови и мускулите, ефективно да го користат кислородот при вежбање. |
Што вели науката? |
Во студијата на „Универзитетотна Илиноис“, се вели дека високоприсутниот лутеин во жолчката делува одбранбено при првите напади на деменција. Студијата од „Харвард“, истата состојка ја поврзува со намален ризик од визуелни оштетувања во зрелата доба. |
Пилешкото месо е познат извор на протеини што се неопходни за раст на мускулите – во 100 г пилешко месо има 31 г протеини и само 3.6 г масти (само ако избегнувате да ја јадете кожата), а исто така содржи и многу селен – минерал кој се поврзува со губењето масти. |
Доброто кај нив |
Две големи јајца ќе ве обезбедат со 12 г протеини, што ги прави одличен оброк за по вежбање, но исто така јајцата содржат речиси двојно повеќе рибофлавин – делува антиканцерогено – и витамин Б12 – ја поттикнува мозочната функција – во однос на месото. |
Секогаш кога можете купувајте пилешко месо од село, бидејќи кокошките коишто не се одгледани на фарма, туку се слободно пуштени во двор, се побогати со витамин Е и имаат 50% помалку масти. |
Лошото кај нив |
Јајцата содржат речиси иста количина масти како и протеини и се извор на холестерол. Но, не е вистина дека треба да јадете максимум 4 јајца неделно. Холестеролот во храната има многу мало влијание врз холестеролот во крвта – заситените масти се оние што треба да ве плашат, затоа наместо пржени, јадете варени јајца. |
„Темното пилешко месо е многу побогато со хранливи материи. Копаните и крилцата содржат малку повеќе железо и цинк. Но, јадете го и потемното и посветлото месо за да дојдете до нутритивен микс“, советува Рик Милер, клинички и спортски диететичар. |
Експертско мислење |
„Јајцата се богат извор на холин – малку позната хранлива материја којашто е корисна за здравјето на мозокот и нервниот систем. Бидејќи се богати со витамини Б12 и Б6, јајцата го помагаат ослободувањето на енергија од храната“, вели Рианон Ламберт, нутриционист. |