ПИЛЕШКА ЧОРБА ОД КОПРИВА

ПИЛЕШКА ЧОРБА ОД КОПРИВА

Состојки:

 

  • 300 г пилешко месо
  • 300 г млада коприва
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • целер, пашканат, 1 чешне лук
  • сол, бибер, зачин и 1 лажица пченкарно брашнo

Подготовка:

Пилешкото месо се вари и се сече на коцки. Во тава се пропржува кромидот, во кој се додава зеленчукот исечкан на коцки. Се прелива со водата каде е варено месото и се врие 5 минути. Се додаваат копривaта (претходно попарена и исечкана) и 1 лажица пченкарно брашно, претходно разматено со малку течност од супата. Се вари уште 5 минути и се трга од оган. Може да се сервира со додаток од лимонов сок, павлака или кисело млеко.