“ПИТА” ОД МАКАРОНИ

“ПИТА” ОД МАКАРОНИ

Состојки:

  • 400 г макарони
  • 4 јајца
  • ½ литар млеко
  • сирење (по желба)
  • 1 шолја масло

Подготовка:

Макароните се варат во посолена вода. Во погоден сад се матат јајцата, млекото, сирењето и маслото. Готовите макарони се цедат и се ставаат во тавче за печење. Се преливаат со смесата и се ставаат во загреана рерна на 220 степени дваесетина минути, односно додека не се запечат  макароните.