Пита со спанаќ

Пита со спанаќ

Пита со спанаќ

Состојки:

  • • 500 г готови кори за пита
  • • 500 г чистен спанаќ
  • • 250 г сирење
  • • 4 јајца
  • • 200 мл млеко
  • • 200 мл кисела павлака
  • • 1 лажичка сол
  • • 100 г путер или маргарин за премачкување

Подготовка на фил:

Јајцата добро изматете ги и додадете ги киселата павлака и сирењето, исечкано или испасирано. Кон ова, додадете го спанаќот, претходно избланширан и исцеден и посолете. Смесата добро измешајте ја.

Во четвртесто тавче, претходно премачкано, ставете една кора и премачкајте ја со растопениот путер (маргарин), ставете ја втората кора и врз неа нанесете од филот. Постапката повторувајте ја сè додека има кори. На крајот, поклопете со две кори и премачкајте со преостанатиот путер. Исечете на коцки и целата пита прелијте ја со млекото.

Ставете во рерна, загреана на 200 степени и печете околу 40 минути. Послужете топло.