Состојки
- 8 дуњи
- 6 лажици мелени ореви
- 2 лажици сечкани лешници
- 4 лажици мед
- 200 г шеќер
- 2 лажици ванилин шеќер
Подготовка
Дуњите добро измијте ги, исечете ги на половина и извадете ги семките. Внатрешноста наполнете ја со смесата од ореви, лешници, шеќер и мед. На крајот посолете со ванилин шеќер. Печете во рерна околу 45 минути на 200 степени. Оладете и сервирајте.