Полнети модри патлиџани

Полнети модри патлиџани

Потребни состојки
2 модри патлиџани
2 парчиња пилешко месо
400 мл сос од домати
50 г рендан кашкавал
100мл павлака за готвење
1 кромид
лук, маслиново масло, сол и бибер

Подготовка
Патлиџаните исечете ги на половина и извадете ја внатрешноста. На тава со маслиново масло ставете ги кромидот и лукот и малку пропржете ги, па додадете го пилешкото месо (исечкано на коцки) и внатрешноста од модрите патлиџани. Нека се готват 10 минути. На крај додадете го сосот од домати и павлаката, и нека се готви уште неколку минути. Наполнете ги патлиџаните со месото и одозгора ставете го ренданиот кашкавал. Нека се пече во загреана рерна 30 минути.