ПОСНА ЧОРБА ОД ОСЛИЧ

ПОСНА ЧОРБА ОД ОСЛИЧ

Состојки:

  • 250 г филети ослич
  • 300 г компир
  • 1 морков
  • 1 кромид или праз
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици масло
  • сол, бибер, магдонос
  • 1 коцка за супа од зеленчук

Подготовка:

На масло малку пропржете ги кромидот и лукот. Осличот исечете го на помали парчиња, компирот и морковот исечкајте ги на коцки. Вака исечкани осличот, компирот и морковот, ставете ги во лонецот со пропржените кромид и лук и додадете 1 литар врела вода.
Посолете со бибер и додадете ја зеленчуковата коцка. Варете сè додека компирот и осличот не омекнат.