ПОСНА ЛАЗАЊА СО ТИКВИЧКИ

ПОСНА ЛАЗАЊА СО ТИКВИЧКИ

Потребни состојки:
14 лазања кори
2 поголеми тиквички
3 моркови
20 маслинки
500 мл доматен сос
100 г кашкавал
маслиново масло
сол, црн пипер, сув босилек

Подготовка:
Ситно исечкајте ги тиквичките и морковите и пржете ги на маслиново масло. Штом ја сменат бојата, додајте ги претходно исечканите маслинки. Пржете уште 2-3 минути, па сипете го доматниот сос и зачинете. Штом сосот зоврие, тргнете го настрана. Во зовриена вода, ставете ги лазања корите да омекнат 5 минути. Во мал стаклен сад или тава, ставете две кори една до друга и полијте ги со сосот, повторете ја постапката со тоа што на вториот и на четвртиот ред ќе поросите рендан кашкавал. Завршете со сос и ленти кашкавал. Печете на 200 степени околу 40 мин.