Потребни состојки:
- 2 домати ситно сечкани
- 2 чешни лук ситно сечкани
- 1 модар домат сечкан на коцки
- 2 парчиња цвекло сечкани на тенки кругови
- 2 моркови тенко сечкани на крукчиња
- 5-6 бамји цели или сечкани
- 1 млада тиквичка сечкана на коцки
- 150 г фета сирење
- малку свеж магдонос
- сол, бибер и суво оригано
- малку оцет балсамико
- 5-6 маслинки
- маслиново масло
Подговотка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во големо тавче ставете го зеленчукот, пропрскајте го со маслиново масло и зачинете со сол и оригано. Убаво промешајте и озгора распоредете го фета сирењето. Покријте ја тавата со фолија и оставете ја да се пече 20 минути и уште 10 минути без фолија. Штом се олади, пропрскајте го зеленчукот со оцет балсамико, додајте ги сечканите маслинки и магодносот.