Посна сарма со шампињони

Посна сарма со шампињони

Потребни состојки

– Листови кисела зелка,
–  3 страка праз,
– 400-500 гр. Свежи шампињони,
– 1/2 шоља (од 200 мл.) ориз
– 100 гр. Мелени ореви,
– малку сол и мелен бибер,
–  1 лажица црвен пипер,
– можеби малку лута буковка по желба,
–  1 лажица ровко брашно.

Подготовка

На масло се пропржува ситно сечен праз. Одвоено се запржуваат ситно сечени шампињони и се додаваат на пржениот праз. Во сето тоа се додава оризот, оревите и зачините. Во подлабоко тенџере на дното се ставаат неколку  листови од кисела зелка.  На лист зелка се става од смесата праз, шамињони, ориз и ореви и се мотаат сармички. Сармичките се редат во тенџерето и се покриваат со неколку листа зелка. Во тафчето во кое се пржел празот се додава 1 лажица брашно, малку масло и 1 лажица црвен пипер и се промешува. Полека се додава ладна вода, се промешува, за да не се направат грутчиња и сето тоа се става да зоврие. Со таа течност се прелива сармата и се остава да се крчка на тивок огин околу 1,5 час.