Посна зелена пита

Посна зелена пита

Потребни состојки:

  • 500 g готови кори
  • 1 свеж квасец
  • 100 g масло
  • 1 kg спанаќ
  • 200 ml млака вода

Подготовка:
Спанаќот убаво се мие и се исцедува. Многу кратко се запржува со сол. Во шолја се ставаат топла вода, маслото и квасецот и убаво се промешуваат. Секоја кора се премачкува со преливот од квасец. На секоја четврта кора се распоредува спанаќ преку целата површина, лабаво се витка во ролна и се реди во подмачкано тавче бр. 32. Озгора се премачкува со преливот и се попрскува со масло. Се пече во загреана рерна на 2200 степени околу половина час. Наместо спанаќ, можете да употребите праз, блитва или зелка.