Праската ( lat. Prunus persica) е вкусно и многу здраво овошје, популарно во секој агол на Светот. Потекнува од Северо-западна Кина, каде што биле пронајдени првите траги од нејзиното одгледување a се омилени и се јадат ширум целиот свет.
Не само што се популарни како овошје, во многу Азиски култури имаат и посебно симболично и културолошко значење претставувајќи симбол на бесмртност и долговечност.
Праска или нектарина?
Праската и нектарината се ист вид на овошје кои го имаат истото име во ботаниката. Всушност, овие два вида овошја можат да растат на едно исто дрво! Тие се практично исти, изгледаат исто, освен што праската е „влакнеста“, a нектарината е „мазна“. Во нашите региони, праски може да се јадат од почетокот на јуни до крајот на септември. Постојат повеќе од 2.000 видови праски, кои обично се заоблени, влакнести, црвеникаво обоени. Претставуваат освежувачко овошје, бидејќи содржат 80-90% вода во својост состав. Сочните и благи праски се овошје на кое тешко може да се одолее а исто така претставуваат и повеќе од вистинска ризница на витамини и корисни состојки.
Извор на важни нутриенти:
Ова сочно овошје е одличен извор на многу важни нутриенти. Најзастапени витамини се: А,Ц, Е, К и Б3. Од минерали најзастапени се: калиум, бакар, манган, магнезиум, железо, калциум, фосфор и селен. Содржи фолати, хлорогенска кислеина, каротеноиди, рутин, кверцетин, диететски влакна, јаглехидрати и мала количина на протеини и масти.
Благодет за организмот
Благодарение на силните антиоксиданси – витамин Ц и Е – праската може да биде од големо значење во одржувањето на здрав органзизам. Освен тоа витамин Ц, помага во борбата против алергии, вирусни и бактериски инфекции, болести на дишните патишта и низа други заболувања. Присутниот витамин Е, особено е важен за превенција на создавање на артериски плак, артериско стеснување и развој на атеросклероза. Благодарение на Витамин Б2, плодовите на праската се одличен сојузник за добар вид и убава и здрава кожа. Високите концентрации на калиум во плодот од праска се заслужени за спречување на заболувања на бубрезите како и за превенција на појава на чир на желудник. Диететските влакна во овие вкусни плодови учествуваат во детоксикација на организмот, зачувување на здравјето на срцето и крвните садови, помагаат во регулација на шеќерот во крвта и овозможуваат подобро варење на храната. Биофлавоноидот рутин ги зајакнува капиларите, помага во отстранување на проширени вени, го намалува „лошиот“ LDL холестерол и на тој начин го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања.
Конзумирањето на ова вкусно носи повеке здравствени придобивки меѓу кои:
Здраво срце
Диететските влакна, калиумот, витамин Ц и колинот во праската позитивно влијаат врз здравјето на срцето
Го намалува холестеролот
Редовно конзумирање на праски, може да помогне во контролата на високиот холестерол, кој претставува ризик фактор за појава на васкуларни и кардијални заболувања. Праската содржи фенолни соединенија кои спречуваат појава на LDL холестерол.
Добро ментално здравје
Недостатокот на магнезиум во организмот може негативно да се одрази на функцијата на средниот мозок. Присуството на магнезиумот во праската го смирува нервниот систем, ги опушта мускулите, го ублажува немирот, анксиозноста и спречува стрес и депресија.
Бројни студии покажале дека внесувањето на храна богата со магнезиум и Б-комплекс позитивно влијаат врз хиперактивно растројство кај децата.
Ги заштитува очите
Бета-каротенот е одговорен за здравјето на очите, а праската содржи големи количини од овој црвено-портокалов пигмент. Бета-каротенот познат како провитамин А е значаен бидејќи по потреба преминува во ретинол (витамин А), кој во големи количини во организмот делува како антиоксиданс. Овој провитамин исто така ја негува и заштитува мрежницата на окото од слободните радикали, спречува појава на катаракта и сенилна макуларна дегенерација.
Помага во бременоста
Присутноста на широкиот распон на витамини и минерали во праската е причина оваа намирница да е значајна за конзумирање во текот на бременоста. Содржат миералите кои помагаат во отстанувањето на болките во мускулите , кои се честа појава во текот на бременоста . Витаминот Ц придонесува за здрав развој на коските, забите, кожата, мускулите и крвните садови кај бебето. Исто така е значаен за апсорпцијата на железото, кое е многу важно во текот на бременоста. Фолатите присутни во праската поттикнуваат правилен развој на срцето, мозокот и скелетот на фетусот.
Здрав метаболизам и вита линија
Праските содржат многу мала количина на калориии, па затоа се сметаат за одичен сојузник за намалување на килограмите. Со внесување на една праска во органимот, се внесуваат 60 калории, а истовремено организмот се снабдува со богата нутритивна содржина. Хлорогенскaата киселина, соединение кое е присутно во некои видови на овошје и зеленчук,а присутна и во праските, докажано е дека промовира согорувањето на маснотиите во телото и на тој начин придонесува губење на тежината. Диететските влакна во ова вкусно овошје, покрај што обезбедува чувство на ситост исто така го регулира и нивото на шеќер во крвта и на тој начин спречува создавање на масни наслаги.
Заменете го Вашиот десерт, со ова вкусно и здраво овошје!
Ја одржува убавината на кожата
Витаминот Ц игра важна улога во формирањето на колагенот- протеин чиј недостаток посебно негативно влијае врз кожата. Овој витамин, доколку се конзумира во својот природен облик (по пат на одредени намирници, како што се праските) или доколку се нанесува на кожата локално, може значително да ги намали брчките, да превенира оштетувања на кожата предизвикани од сонце како и да ја подобрат целосната структура на кожата. Витамин Е, присутен во ова овошје ја штити и хидрира кожата и допринесува за нејзино побрзо опоравување на оштетувања предизвикани од слободните радикали. Витаминот А исто така ја навлажнува кожата, ја подобрува нејзината текстура, ги забавува знаците на стареење и придонесува за свеж и здрав изглед на кожата.