Состојки
- 4 јајца
- 2 шолји (за кафе) масло
- 4 шолји (за кафе) пченкарно брашно
- 3 шолји (за кафе) пченично брашно
- 3 шолји (за кафе) кисела вода
- сирење по вкус
- печиво
- 1 канче кисела павлака (200 мл)
- сол по вкус
Подготовка
Посебно изматете ги жолчките со сите состојки. Отакако смесата ќе биде добро соединета, постепено додадете ги претходно изматените белки. Смесата налејте ја во тава или во модли за печење и печете на 200 степени додека не зацрвени. По желба, пројата одозгора можете да ја наросите со сусам.