Потребни состојки
- 4 компири
- 500 г прокељ (заподготовканаовајадењенајдобро е дакориститесвеж прокељ)
- 2 моркова
- 1 лажичка путер
- 1 врзоп свежа рукола
За прелив:
- 1 лажичка сенф
- 1 лажичка мед
- 2 лажички маслиново масло
- 2 лажички лимонов сок
Овој прелив може да го комбинирате и со други јадења, особено со брокола.
Подготовка:
Сварете ги компирот и морковот во посолена вода (варете околу 15 мин). Секоја главица прокељ исчистете ја и пресечете на половина.
Кратко пропржете го кељот на путер, додадете вода (1/2 шолја) и динстајте уште 5–7 минути додека прокељот не омекне. Варениот компир исечкајте го на коцки,
а морковот на ленти. Соединете ги сите состојки за преливот и добро промешајте. Прокељот соединете го со останатиот зеленчук и прелијте ги со подготвениот прелив.
Одозгора ставете свежа рукола. Јадењето е најдобро да се служи топло, веднаш по подготовката.