Прокељ со сланина

Прокељ со сланина

Прокељ со сланина

Состојки за 4 лица:

–  100 мл вода
–  1/2 чаша бело вино
–  100 г сланина
–  1 кромид
–  50 мл маслиново масло
–  1 кг прокељ

–  Сол и бибер

Подготовка:
Кромидот ситно исечкајте го и ставете го во тава со маслиново масло и,по кратко,додадете ја сланината. Откако убаво ќе омекнат,додадете гипрокељот (претходно сварен во вода) и белото вино. Зачинете и заедно нека останат на тивок оган во покриен сад. Послужете веднаш!
Истиот рецепт може да го подготвите и со кељ.