Пролетна чорба од коприва

Пролетна чорба од коприва

Потребни состојки:
200-250 g млада коприва 1 главица стар кромид или 5-6 млади кромитчиња 2-3 моркови магдонос 1 l вода

Подготовка:
Млада свежно набрана коприва се попарува со врела вода. Се измива со ладна вода и ситно се сечка. Ситно исечканите кромид и морков се пропржуваат, се додаваат 2 супени лажици брашно и тоа се пропржува. Потоа се додаваат водата и копривата, се зачинува со сол, мешан сув зеленчук и бибер и се вари 10 минути. На крајот се додава ситно сечкан магдонос. Се сервира со кисело млеко или павлака во средина на чинијата.