ПРОПОЛИС

ПРОПОЛИС

ПРОПОЛИС – Мудроста на придодата преточена во универзален лек

Прополисот е заедничко име за мешавина на смолести супстанции кои пчелата ги собира од различни видови билки.
За лековитите својства на прополисот знаеле уште старите Египќани пред околу 3000 години.  Низ вековите науката само ги има утврдено, откриено нови,но не и докрај испитано сите моќи на оваа природна компонента.

Хемиски состав
Во поглед на хемискиот состав, прополисот е многу комплексна материја. Составот може да варира во зависност од билките од кои се собира, како и од годишното време. Претставува мешавина од восок, смола, етерични маслаи цветен прав, а висок процент на составот припаѓа и на присуството на повеќе видови на флавоноиди.Составот е надополнет и со значајна содржина на минерали и витамини и преку 50-тина останати материи кои имаат директно влијание во биолошките процеси во организмот.

Симбол на снага
Прополисот е еден од лепезата на „мудри лекови“ на природата и „борец“ кој се справува со сѐ што претставува закана за организмот. Истовремено го чува здравото ткиво и помага во лекување на заболеното.
Биолошките својства и дејствата на прополисот се широкоспектaрни. Не случајно го носи епитетот на лек на 21 век. Примарно и научно е докажано неговото антимикробно, антивирусно, антигабично и биостимулаторно дејство поради што листата на заболувања и здравствени проблеми кај кои успешно се применува прoполисот е прилично голема.

Употреба
Како врвен и активен биостимулатор, прополисот придонесува за подобрување на општата состојба на организмот и за придвижување и активирање на природните механизми за самолекување. Докажано и ефикасно се употребува во лекување, пред сѐ, на респираторни инфекции, инфекции на усна шуплина, уринарен тракт, заболувања на црн дроб и инфекции на органи за варење, без опасност од резистенција и појава на несакани ефекти.
Во случаи на тешка дијареја, онаму каде што имаат потфрлено многу класични лекарства, прополисот се има покажано како ефикасно средство.
Благодарение на палетата на флавоноиди во составот, прополисот манифестира силно антиоксидантно својство, па успешно се применува во борбата против слободните радикали, и во заштита на клеточните структури од процес на предвремено стареење.
Моќно антивирусно средство, докажано во ефикасен третман на херпес на усните. Ефикасноста е дотолку подобра ако употребата се започне уште при првите симптоми на појава на херпес.
Успешно се употребува и во лекување на рани, изгореници, кожни заболувања (псоријаза, себореја, габични инфекции).
Забележана е и широка примена во разни козметички препарати токму поради изразеното антимикробно, антигабично и антоиксидантно дејство.
Во поново време се вршат многубројни студии каде се докажува и моќта на прополисот во спречување на развојот на канцерогени клетки (цитостатско дејство) и лекување на одредени видови тумори.
Меѓу останатото, познати се ефектите и во лекување или ублажување на симптоми кај:хемороиди, афти, косопад, воспаленија на непца, кашлица, кариес, артритис, воспаленија на уво, настинка, ослободување од напнатост и несоница. Списокот на подрачја на ефикасна примена е дотолку поголем ако се земе предвид и широката примена во разни облици во народната медицина.

Најчести форми на употреба
Прополисот најчесто се употребува во форма на раствор и тоа алкохолен раствор во неколку концентрации (10%, 20%…), маслени капки, спрејови за нос и усна шуплина, масти и кремови, таблети и капсули. Може да се најде во чиста форма или во комбинација со други хербални компоненти со слично синергистичко дејство. Најчесто употребувана форма е во облик на капки кои можат де се употребат директно или пак да се растворат на коцка шеќер.

Најделотворно е капките да се земат во комбинација со мед. Смесата подгответе ја на следниот начин: во шолја помешајте лажица мед и 5-10 капки прополис.
Во народната медицина постојат разни рецептури за подготовка и употреба на прополисот.
Прополисот е стабилен производ, но се препорачува да се чува во темни садови, на суво и ладно место.

Препорака
Како за сите пчелни производи, така и за прополисот, препорачливо е да се употребува најмалку 1 час пред или 2 часа по јадење. Најдобро е да се задржи што подолго време во устата. Зошто? Усната шуплина е богата со сплет од крвни садови што овозможува брза ресорпција на прополисот во крвотокот.

Напомена
Кај многу мал процент од луѓето можна е појава на алергиска реакција. Во ваков случај треба веднаш да се запре употребата сѐ додека не се утврди вистинската причина.
Прва помош при крвавења
Крвавења предизвикани од повреди и исеченици, запрете ги брзо и едноставно со помош на газа натопена во раствор од прополис.