Потребни состојки за 4 лица:
- 2 модри патлиџана
- 4 тиквички
- 4 црвени домати
- 2 главици кромид
- 2 чешниња лук
- 1 црвена пиперка
- 1 морков
- маслиново масло
- зачини по желба
- сол и црн бибер
- пармезан
Подготовка:
Црвените домати, модрите патлиџани, тиквичките и морковот исечкајте ги на кругови. Пиперката исчистете ја од семки и исечкајте ја на ленти, а кромидот и лукот ситно. Во сад за печење ставете ги зеленчуците, додадете ги зачините и маслиновото масло. Одозгора ставете пармезан. Оставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 45 минути.