РЕЦЕПТИ 11

РЕЦЕПТИ 11

Пилешко на скара со зелена салата

  • 500 г бело пилешко месо
  • 1 лажиче соја сос
  • 1 лажиче сенф
  • маслиново масло, сол и бибер
  • зелена салата што може да се дополни со рукола, магдонос, босилек.

Салатата се зачинува и се додаваат маслиново масло и оцет (лимонов сок).
Пилешкото месо се сече на потенки парчиња за де се испржи побрзо. Премачкајте ги парчињата со прелив од сенф, соја сос, маслиново масло, сол и бибер. Добро е вака месото да отстои околу 2-3 часа.
Загрејте ја тавата за скара и ставете го месото да се пече 5-7 минути. Завртете го од другата страна и пропржете уште 3 минути. Вака подготвено, сервирајте го заедно со зелената салата.

Зеленчукова тава

Потребни состојки:

2 тиквички

2 моркова 

1 црн домат
1 главица кромид
100  гр путер
60  г пармезан
150 г брашно
3 лажици маслиново масло
сол и бибер

Исечете го ситно кромидот. Излупете и исушете ги тиквичките и црниот домат. Исечете го зеленчукот на коцкички.
На загреано масло пропржете го зеленчукот, ставете ги зачините и оставете го 20 минути на тивок оган.
Подгответе го тестото за одозгора: со врвот на прстите измешајте ги брашното, путерот исечкан на ливчиња, пармезанот, сол и бибер. Ставете го зеленчукот во тава и одозгора ставете го тестото (како песок). Да се пече 20 минути на 180 степени.
Овој рецепт може да се приготви со кој било зеленчук по ваш избор.

Мајонез од индиски ореви

Состојки:

  • 250 г индиски ореви
  • 2 лажици сенф
  • 1 лажица мед
  • 5 лажици маслиново масло
  • по потреба вода

Индиските ореви се киснат преку ноќ (или 2-5 часа). Се вадат од водата и се ставаат во блендер. Се блендираат, се додаваат другите состојки и се продолжува да се блендира сè додека не добиете хомогена смеса. Се собира во стаклен сад и се чува во фрижидер.

Лосос со зеленчук

Потребни состојки (за две лица):

-2 парчиња лосос (по 150 г)

-4 зелени пиперки

-4 големи моркови

-2 големи лажици соја сос

-1 прстофат кафеав шеќер

-маслиново масло, сол, бибер

Рерната се загрева на 200 степени. Лососот се се прелева со маслиново масло, се зачинува со сол и бибер и се става во рерна да се пече десетина минути.
Морковот и пиперката се сечат по должина, на тенки ленти и се ставаат на веќе загреано маслиново масло. Кога ќе омекнат, се додаваат 1/3 шолја вода, сосот од соја и кафеавиот шеќер. Кога зеленчукот ќе добие карамелизиран изглед, се отстранува од оган и се сервира заедно со лососот.

Колач со кокос

Тесто:

5 јајца

12 лажици шеќер

12 лажици млеко

12 лажици масло

12 лажици брашно

200 г кокос

2 лажици какао

2 печива

Јајцата се матат со шеќерот. Се додаваат останатите состојки и се печат во подмачкан плех на 180 степени. Се лади.

Шербет

½ чаши вода

½ чаши шеќер.

Смесата се зоврива и се трга да се излади. Колачот се прелива со млак шербет.

Прелив

200 грама чоколада се растопува во 2 лажици вода и 2 лажици масло. Оладениот колач се премачкува со преливот и се остава во фрижидер да се излади.