РЕЦЕПТИ 8

РЕЦЕПТИ 8
Сармички од блитва

Потребни состојки:
500 г мешано мелено месо
40 помали ливчиња блитва
1 шолја ориз
3 главици кромид
2-3 чешниња лук
1 јајце
сол, бибер, црвен пипер, брашно и масло
Подготовка
На масло се пропржува кромидот, се додава месото и оризот и заедно се пропржува.
Се трга од оган и се додаваат останатите состојки. Јајцето се додава на крај во веќе проладениот фил.
Ливчињата блитва се мијат и им се сечат петелките. Поделете ги на 3 или на 4 снопчиња и вака поделени сосема накратко потопете ги во врела вода. Извадете со помош на решеткава лажица и веднаш потоа ставете ги во ладна вода за да се зачува зелената боја на листот.
На вака подготвените ливчиња се става од филот и се виткаат сармички, се редат во соодветен сад и одозгора сармичките се прекриваат со ливчиња блитва.
Во тавче се става 1 лажица брашно, 1 лажиче црвен пипер, малку масло и околу 1 литар вода. Се зоврива и со ова се прелива подготвената сарма. Се поклопува и се става да се вари во рерна околу 1 час.

Варило од боранија и мелено месо

Потребни состојки:
250 г зелена боранија
250 г компир
300 г мелено јунешко месо
2 главици кромид
домат или салца сос
ловоров лист, бибер, црвен пипер, зачин
700 мл вода
Подготовка
Боранијата се мие и се сечка на парчиња, додека компирот се сечка на коцки.
Кромидот се сечка и се пропржува на маслиново масло. Се додава меленото месо и се пропржува. Потоа се додаваат сите останати состојки, се преливаат со вода и се варат 20 минути. На крај се додава сечканиот магдонос.

Шпагети од краставици

Потребни состојки:

3 краставици со средна големина – се лупат (може и нелупени, ако имаат тенка мазна кора) и се рендаат со спирилајзер во тенки шпагетки-спирали. Доколку немате спирилајзер, краставиците се сечат со ноже за лупење на тенки долги резанки  во облик на јуфки, 1 морков се сече на тенки долги резанки  како при лупење, 2-3 чешниња лук, ситно сечкан магдонос, сол, бибер, оригано, маслиново масло и лимонов сок.

За преливот е потребно:

2-3 црвени домати,

½ морков,

1 блага црвена пиперка,

1 луто црвено пиперче, сечено на тенки крукчиња за збогатување на вкусот,

1 супена лажица агаве сируп.

Морков салата со брусница

2 моркова се рендаат на крупно, се додаваат ситно сечкани 2-3 чешниња лук (може и младо лукче 2-3 страка),

се додава ситно сечкан магдонос и малку брусница.

Се зачинува со сол, маслиново масло и лимонов сок.

Може да се служи како брза лесна салата.

Колач со суво овошје

Потребни состојки:
250 г суво грозје
250 г смокви
250 г брашно
250 г шеќер
1 кафена шолја бело вино
2 јајца
Подготовка
Јајцата се матат со шеќерот, а потоа се додава белото вино и брашното. Смоквите и оревите се сечкаат и се додаваат кон смесата заедно со сувото грозје и сè заедно убаво се промешува.
Вака подготвената смеса се истура врз хартија за печење, на плитка правоаголна тава, при што се формираат два ролата, кои се премачкуваат со една жолчка од јајце, и веднаш се ставаат да се печат околу 20 минути во претходно загреана рерна на температура од 170-200 степени.
Откако убаво ќе се излади колачот, се сече на потенки парчиња.

„Чупава“ Ката

Потребни состојки:
4 jajцa
250 г путер
250 г мармалад од кајсија
3 чаши (за вода) брашно
1 печиво
1 ванила
100 г сечкани ореви
1 лажица какао
10 лажици шеќер
шеќер во прав
Подготовка;
Се матат 4 жолчки во кои се додава путерот и повторно заедно се мати додека не се добие пенеста смеса. Се додаваат брашното, печивото и ванилата и се меси тесто кое на крајот се дели на 3 еднакви дела. Во едниот дел се додава какаото и сите три дела се ставаат во замрзнувач околу 1 час.
Во тава подмачкана со путер се ренда белото тесто и врз него се посипува мармалад од кајсија и сечкани ореви. Врз ова се ренда тестото со какао и се премачкува со изматени 4 белки со 10 лажици шеќер. На крај се ренда последното бело тесто и се пече 30-40 минути на температура од 170°C. Откако ќе се излади, се сече на коцки и се оросува со шеќер во прав.