Потребни состојки:
– 300 гр печурки (може и месо)
– 2 чешниња лук
– 1 кромид исечкан
– 1 тиквичка сечкана на коцки
– 1 домат исечкан ситно
– 300 гр ориз
– пармезан и зачини по желба
– малку свеж магдонос
Подготовка
Во еден сад со масло ставете ги свежите печурки исечкани да се пропржат. Во друг сад ставете го лукот, кромидот, тиквичката и зачините. Нека крчкаат додека да омекнат зеленчуците. Оризот сварете го и исцедете го, па додадете го во тавата со зеленчуци. На крај одозгора ставете пармезан, магдонос и домати.