РУКОЛА

РУКОЛА
Руколата (лат. Eruca sativa) е вкусен лиснат зеленчук кој лесно се одгледува, а воедно ја штити градината од разни штетници,

Состав и лековитост на руколата
Руколата е нискокалорично растение кое во 100 г содржи само 10 калории, а изобилува со витамините А, Ц, К, рибофлавин и фолна киселина, но и со калциум, магнезиум, бакар, железо, цинк и калиум.
Една порција рукола носи 83% од дневната потреба на човекот за витамин К, но и 38% од препорачаната дневна доза витамин А. Магнезиумот и цинкот се исто така дел од богатиот нутритивен состав.
Како и поголемиот дел на останатите зелени лиснати зеленчуци, руколата изобилува со антиоксиданти, го чисти црниот дроб и е идеална за пролетна детоксификација.
Руколата е богата со хлорофил и соединенија на сулфур кои го помагаат чистењето на организмот на клеточно ниво. Погодна е и за келатна терапија, која се припишува за исфрлување на тешките метали од организмот.