Потребни состојки:
· 150 гр интегрален ориз (кратко зрно)
· 5 см свеж ѓумбир
· 4-5 ротквички
· 1 ½ лажица соја сос
· 1 лажица јаболков оцет
· 4 лажици мешавина од сусам, сончоглед и семки од тиква
· 3-4 лажици свеж коријандер или магдонос
· 1 авокадо
Подготовка:
Варете го оризот во 250 мл вода поклопен и на тивко околу 30 мин. Излупениот ѓумбир исечкајте го на тенки листови. Во длабок сад ставете го оризот, додадете соја сос и оцет и промешајте. Додадете ги лентите ѓумбир, ротквичките сечкани на тенки кругови, семките и ситно сечканиот коријандер или магдонос и сѐ убаво промешајте. На крај, врз салатата наредете го авокадото сечкано на кришки.