Салата со смокви

Салата со смокви

Состојки:
8 зрели смокви
120 г ементал или кравји кашкавал
120 г млад спанаќ, или зелена салата ситно сечкана, рукола
1 лажица мед, маслиново масло и оцет
сол, бибер, магдонос

Смоквите исечете ги на половина. Во тава со масло, ставете ги смоквите и додадете го медот. Смоквите оставете ги 3-4 минути да се карамелизираат. Салатата измијте ја и ставете ја во сад, измешајте со масло, оцет и зачинете. Одозгора ставете ги смоквите и кашкавалот сечен на тенки ленти.