Потребни состојки:
150 гр спанаќ свеж
150 гр јагоди
80 гр козјо сирење
50 гр ореви
балсамико
Спанаќот и јагодите ги миеме. Ливчињата спанаќ ги ставаме во чинија, јагодите исецкани ги додаваме. Козјото сирење и оревите ги сецкаме на ситно и нив ги додаваме. На крај зачинуваме со балсамико.